
За предметите кои најчесто ги користите, планирајте место во сама близина. На пример, длабоките фиоки во близина на шпоретот се најдобри за чување на тавчиња и тенџериња и фиоките во близина на машината за перење на садови, се најпогодни за нејзино брзо празнење по перењето.
Отворените полици се идеални за фреквентно користени предмети или пак за изложување на омилените објекти. На кујната истовремено не ѝ го одземаат воздухот, ја прават попросторна и со нивна помош малите кујни изгледаат посредено и не толку натрупано.
За изложување на финиот порцелан во вашата кујна, поставете ги во стаклена витрина или висач, со што истовремено ќе биде изложен и заштитен.

Таканаречените ˝лебдечки полици˝ ја отвораат кујната

Отворените полици дозволуваат лесен пристап до најупотребуваните предмети

Долга лебдечка полица со вградено осветлување создава минималистички дизајн во кујната

Употребете отворени полици за поставување на омилените предмети

Стаклените кабинети покажуваат и штитат деликатни предмети
Шпајз кој има простор за движење е идеален кога просторот е обемен. Полиците не треба да се толку длабоки кога станува збор за остава, зашто предметите кои се во позадина тешко ќе се наоѓаат. Плитките полици нудат прегледност на предметите. Ако просторот е лимитиран, тогаш идеално решение е остава која се извлекува, движечка остава. Обезбедува обемно складишно место и лесен пристап до содржината без да одзема многу место и може да биде ограниченана 20см, па затоа и е перфектна за мали кујни.

Извлекувачка остава, дава лесен пристап до предметите од двете страни

Соодветното осветлување е суштинско за длабоките остави
Фиоките се идеални за складирање на секаков вид предмети, од грнчарија до стакларија, ви овозможуваат нештата лесно да ги најдете. Фиоките со потполно отварање даваат целосен преглед на содржината и истовремено се користи целиот простор. Многубројни фиоки може да имаат вграден затварачки систем кој обезбедува отпорност од удари.

Целосно отворачка фиока дава потполн поглед на предметите
Фиоки со прегради и организатори се исто така погодни за кујнските фиоки да бидат средени и уредни. На пример, чините може да бидат складирани во специјален предел за чување на чинии, со што ракувањето е поедноставено и секако предметите се посигурно складирани.

Фиоки со адаптибилни разделувачи

Фиоки со адаптибилни држачи на чинии од кои веднаш се земаат истите и поставуваат на маса
Држачот за ножеви е битен за истите организирано да се поставени во кујната. Ако планирате ножевите за готвење да ги чувате во фиока, ставете ги во назначен држач за ножеви. Како алтернатива можатда бидат поставени во блок за ножеви или на магнетна лента за ножеви, монтирана на ѕидот.

Држачот за ножеви безбедно ги чува истите во фиока

Магнетна лента за ножеви монтирана на ѕид

Адаптибилен држач на прибор со прегради

Нафатна прачка за прибор во близина на шпоретот

Искористете го непристапниот агол од кујната со поставување на овој тип на ротациони држачи за садови
Ваквите аголни кабинети ги прават непристапните места од кујната просторни делови кои може да се искористат за складирање на поголеми предмети.

Фиоки во подножјето на кујната, погодни за складирање на пообемни предмети
Ѕидниот пружен систем е добар начин за уредување на најчесто најмалку оптоварениот дел од кујната над работната површина, меѓу висачите и долните елементи. На него лесно може да се постават хартиени ролни, ножеви и секаков вид на прибор, крпи и сл. Така брзо ќе се снаоѓате во работата, наоѓајќи сé што ви треба за миг.

Ѕиден пружен систем со асесоари
Ако планирате винска сталажа во кујната, поставете ја подалеку од извори на топлина, како шпорети и машини за миење на садови, зашто топлината може да го расипе виното. За сериозни љубители на вино се препорачува кабинет со контролор на температурата.
Вадечката жичана корпа под мијалникот ви дава лесен пристап до продуктите за чистење и одржување на хигиената. Исто така им помага на сунгерите и четките ко се складираат во неа, полесно да се исушат по употреба. Пружен систем за кујни крпи под мијалникот исто така е добра идеа да се држат истите надвор од видикот на набљудувачот.

Извлекувача жичана корпа го максимизира просторот под мијалникот

Канта со рециклирачки систем која автоматски се испакнува со отворање на вратата и нафатна жичана корпа над неа за рециклирање на весници


