
Можеби звучи како тешка задача да се изградат сигурни скали во домот, но со вистинските алатки и умешност, тоа е можно.
Како прво испланирајте го дизајнот кој сакате да го употребите за вашите безбедни скали. Направете го поедноставен колку што можете, нема потреба од комплициран дизајн, потребно е да служи на безбедноста и секако да биде едноставен за користење.
Запомнете, од голема важност е сите скали кои ги градите да бидат со иста големина, со еднакви димензии. Потребно е да прорачунате колку скали ви се потребни за да се искачете до горе и исто така потребно е да ја прорачунате големината на површината на една скала – пределот на кој се чекори, како и висината на која ќе се наоѓа следното скалило и следното до крај на скалите. Одредете го и правецот по кој ќе се движи конструкцијата на скалите.
Исто така основно мерење е растојанието меѓу долниот и горниот под од катовите, почетокот и крајот на скалите и ѕидот кој е најблиску до нив. Висината на скалата нека биде прилагодена на просечен чекор, да не е мала, но секако да не биде ни голема.
Потоа треба да го планирате типот на оградата која сакате да ја поставите. Запаметете, безбедноста е на прво место, а дизајнот и елеганцијата доаѓаат на второ. Висината на оградата и растојанието меѓу решетките мора да се задржат во доменот на зададените стандардни вредности.
За дополнителна безбедност на вашите скали, имајте ги овие совети на ум:
- Потпирачката решетка – делот од оградата на кој се потпираме со раката, мора да обезбедува добра поддршка за корисникот. За оваа цел, експертите препорачуваат решетката да се издолжува над крајот од скалите за неколку см, најмалку.
- Ако имате мали деца, тогаш мора да поставите порта на скалите. Таа ќе ги држи насвор од употреба на истите кога не треба.
- Одберете дизајн кој нема ˝усни˝ на краевите од скалите. Со тоа потешко ќе биде да се виде крајот на скалата и ќе се зголеми можноста за падови.
Не поставувајте небезбедносни прозорци по должината на скалите, зашто постои можност при пад, човекот да се повреди од прозорецот или во најлош случај да падне од него.


