СМЕНЕТЕ ГО ИЗГЛЕДОТ НА СТАРИОТ ДРВЕН МЕБЕЛ СО БОЕЊЕ

Боењето е еден од најлесните начини за додавање нов изглед на вашиот дрвен мебел. Може да ја изберете било која што сакате и бои кои се и трајни и ефтини. Ако претходно не сте го боеле вашиот дрвен мебел, овие совети секако дека ќе ви помогнат:

  1. Проверете ја структурата на вашиот дрвен мебел претпазливо. Ако најдете напукнатина во структурата, обидете се да ја поправите пред да започнете со боење.
  2. Ако сакате да го обоите вашиот дрвен мебел како професионалец, од основно значење е претходно да го исчистите од старата боја или било кој нанесен материјал. Дрвото треба да е исчистено од прашина, масло, дамки и други нечистотии.
  3. Работете во реон од домот кој е добро проветрив.
  4. Следи нанесување на избраната боја и доколку не сте задоволни со изгледот, нанесете уште еден слој. Ова помага во зголемување на вистинскиот изглед на вашиот дрвен мебел откако ќе го обоите со избраната боја.
  5. Потребно е време од еден до два часа за да се исуши сосема бојата. Ако не сте сигурни, проверете во проспектот.
  6. Правете долги, бавни и нежни движења со четката врз мебелот. Секогаш боете во правец на дрвената шара и секој слој нанесувајте го подеднакво.