Идеата започнува од едноставната потреба од интересен акцентиран дел во просторот, кој би служел како забавно катче во домот. Бидејќи еден таков носач на електроника чини многу пари, а сакате да го замените стариот или пак да поставите сосема нов, решението е – направете го сами

Набавете ја полицата или направете ја според дадениот изглед. Снабдете се со ногарки по ваш вкус, такви кои одговараат со остатокот од мебелот и ентериерот, и заштрафете ги на едната од надворешните површини.

Сега изгледот на полицата е сосема различен. Наместо во исправена положба, т.е. вертикала, полицата треба да лежи во хоризолтална положба, со што поранешната висина сега е должина на елементот.

Следниот чекор е да се декорира истата со соодветно ослетлување, за да се добие модерен и кул изглед. За таа цел набавете ЛЕД диодни светла во лентовиден облик и поставете ги на одреденото место од полицата.

Наредниот чекор е да се погрижите околу каблите. За убав и компактен изглед, не оставајте ги каблите да се распространуваат наоколу и добро е кога ја намалите нивната видливост на минимум.

На следните слики се дадени неколку примери за тоа како можете да ги прицврстите и сокриете каблите, за да се спречи добивање на салата од кабли и жици.

Бојата на ЛЕД диодните светла е по избор на сопственикот и поставувањето исто така. Ако сакате поголем ефект, поставете осветлување и на задниот дел од тв приемникот, играјте со различни бои, но не претерувајте, Нова Година е еднаш во годината.



Прекинувачите за пуштање/гасење на светлото и промена на боите, може да се постават во внатрешниот дел од елементот, како на сликата. Резултатот е повеќе од задоволителен, а трошоците со сигурност многу помали.


