Ентериерниот дизајн во денешницата е важна тема за која се дискутира и на која се работи во секоја сфера од општествените домени. Било да се работи за дизајн на дом, на работни простории, на канцеларии, маркети, стоковни куќи, модни студиа и каде ли уште не. Кога станува збор за внатрешното уредување на домовите, во последно време трендовите се движат во ентериерно уредување на домовите според личниот профил, потреби и барања, во склоп со одреден стил кој одговара на карактерот и вкусот на сопственикот.

Ултрамодерен дизајн на соба за чекање
Концептот на модерниот ентериерен дизајн бара креативни и технички идеи внесени во визионерски структури и евентуална влеаност во физичкиот аспект на дизајнот. За еден дизајн да биде добар, тој со себе освен креативност, декоративност, убавина и современост, треба да носи и функционалност.
Повеќето современи ентериерни дизајни ја поседуваат особината на отворени и светли бои, добро осветлени и просторни соби и идеата за максимално извлекување на потенцијалот од просторот. Тоа значи континуираност, јасност и чисти линии на просторот. Во еден таков простор преовладува минималистичкиот, индустријалниот и арт деко стилот. Но, ова не значи дека не се дозволени комбинации на два стила во еден. Сепак тие два стила треба да се доведат во спој на слевање и точка на спојување, со цел да не се наруши идеата и дизајнот на просторот. Така на пример во последно време актуелна е кохезијата на модерниот минималистички стил со азијатскиот традиционален стил на уредување. Оваа комбинација нуди спој на традиционалното и мистичното со современото. Основата е современа, а декорот е изведен од модели на традиционалните елементи на уредување.

Спој на модерното и традиционалното во урбан стил
Во одредена точка, идеата за ентериерно декорирање е поврзана и со ентериерниот дизајн, кој последно време е повеќе концентриран на дизајнот на структурата.

Слеаност на ентериерниот дизајн со ентериерниот декор
БОЈА- Модерниот ентериерен дизајн пресретнува бројни кодови на бои. Во зависност од темата, може да се мешаат разни нијанси за добивање на посакуваниот изглед.
МЕБЕЛ – Изборот на правилната големина и бројноста на мебелот е битно. Намалете го бројот на елементите од мебелот на избор кој е современ, кој задоволува и истовремено е функционален и декоративен.
ОСВЕТЛУВАЊЕ – Модерниот ентериерен дизајн се концентрира врз компактно флуоресцентно светло кое е додадено и монтирано на ѕидовите и таванот, со што додава елегантен изглед на просторот.
ПРЕМИНИ/ПАРАВАНИ – Типичниот дом е одделен на одредени финкционални простори како кујна, спална, дневна соба итн. Со цел да се максимализира просторот, употребата на лизгачки врати, плакари и паравани е неминовна.
Методот во создавањето на еден модерен ентериерен дизајн е базиран врз архитектурата, дизајнот и декорацијата на просторот. Кога овие три елементи се запазени и олицетворени во едно тројно заедништво, резултатот е модерен ентериерен дизајн со прекрасен изглед.

Ентериерен дизајн следен од архитектурата на просторот, споени со помош на современо внатрешно декорирање


