
Основата на трпезарискиот мебел е трпезариската маса. Останатите елементи на мебелот се избираат во зависност од тоа каде е таа поставена, во посебна соба одредена за таа намена, во дел од кујната или дневниот простор.
Трпезариската маса составно вклучува просторна и отворена маса и одреден број на столови, во зависност од големината и обликот на масата. Таа служи не само за поставување на храна, туку и за поставување на декоративни елементи, тогаш кога не се користи за нејзината основна цел. Заради тоа, изборот на трпезариската маса во секој дом треба да е воден од функционална и од декоративна намена.
Примарна работа е проценување на големината на трпезариската маса. Тоа подразбира одредување на големината на просторот во кој таа ќе биде поставена и бројот на лицата членови на домаќинството. Естетската сразмерност на просторот веднаш може да се раскрше кога во широк и масивен простор се постави мала трпезариска маса, што уште повеќе се рефлектира на изгледот, кога во мал простор се постави голема и корпулентна маса.

Високо технолошки и современи елементи за трпезариски и кујнски уредувања
За олеснување при избор на трпезариската маса, постојат стандардизирани спецификации и тоа за различните трпезариски дизајни. Секоја спецификација во основа опфаќа висина на масата и столовите, па понатаму ширина, дијаметар итн.
Во денешно време освен што постои избор на разновидни дизајни, постои и голем избор на материјали од кои се изработуваат трпезариските маси и мебел. За секој дизајн соодветствува одреден материјал, кој може да е дрво, стакло, пластика, метал итн. Формата на трпезариската маса и столовите е исто така битен фактор кога се прави избор на трпезарискиот мебел. Изборот на формата треба да биде воден од просторот во кој се поставува трпезарискиот мебел.
ТРКАЛЕЗНА МАСА
Чиста кружна форма без рабови. Елоквентниот изглед на тркалезните маси внесува елегантност и ги потенцира криволиниските облици на просторот. Бројот на столови може да варира во зависност од дијаметарот на горната плоча од масата.

Голема тркалезна трпезариска маса во клинички стил и дизајн на заедничкиот простор со кујната

Мала тркалезна маса како акцент на современиот монохроматски дизајн на собата
ОВАЛНА МАСА
Овалната маса поретко се користи како трпезариска маса, иако има елегантен и несекојдневен изглед. Тоа се заснова на одземањето дополнителен дел од просторот кој всушност не може да се искористи во целост за тоа за што е наменет. Бројот на столови може да е поголем, што зависи од должината на масата. Сепак не се препорачува во мали и тесни простори.

Овална маса од стакло за отворање и давање ширина на просторот
ПРАВОАГОЛНА МАСА
Најкарактеристична и најмасовно користена форма за трпезариска маса. На секоја од пократките страни вклучен е по еден стол, а на двете подолги, во зависност од должината на масата, по два, три итн. Оваа форма го потенцира праволинискиот простор и создава должинска илузија.

Правоаголна маса со голема носивост во едноставен минималистички стил

Правоаголна маса во модерна изведба, како разделувач на просторот
КВАДРАТНА МАСА
Најчесто користена во помали и потесни простории, во семејства со помал број на членови. Во нејзин склоп влегуваат четири стола, кога се работи за стандардно димензионирана квадратна маса. Погодна е и за поставување во некој агол, кога се бара задоволување на две седечки места, со што заштедува простор.

Удобна и современа, темна квадратна маса, дава ширина на просторијата

Мала квадратна маса во рустикален стил, за мало семејство
МАСА ШАНК
Овој вид на маса според обликот може да е различен, во зависност од дизајнот кој се поддржува, а се поставува најчесто во кујната или во преминот меѓу кујната и дневната, со што се прави издвојување на просторот и негово функционално искористување. Во кујната може истовремено да се користи и како работна површина при подготовка на храната. Тука спаѓа и кујнскиот елемент остров, кој ја има истата улога како шанкерската маса.

Маса шанк како кујнски и трпезариски разделувачки елемент

Футуристичка маса шанк во индустријалистички стил со функционална и декоративна изведба
Кога се избира трпезариски мебел за одвоена трпезариска соба, изборот кој се прави е извлечен од повеќе дизајни и можности, но кога трпезарискиот простор одделува или е дел од соба или изведба, тогаш посебно мора да се внимава, тој да се слева во просторот и да не отскокнува од останатиот стил на просторот.


