Ф60 ногарка како држач за звучници

Како ногарка за работно биро и маса, да ја искористите за друга намена?. Следува една идеа со сликовит опис , како сами да си направите држачи за звучки.

Материјали:

  • Ногарка F60 , боја ( во случајов црна)
  • Дрвена полица ( со димензии 40 см. х 35 см ) дебелина 25 мм.

Забелешка: доколку сакате за закачите поголем звучник тогаш ке треба да ставиде потешка долна површина.

ОПИС: Целта е да се создаде пар ефтини и едноставни сталажи за звучници. Ногарките се сосема адекватни за да се доведе звучникот до слушно ниво кога слушателот се наоѓа во седечка позиција и обоени во црно, добро се вклопуваат со другите просторни елементи. За базната плоча избрана е солидно дрвена полица со димензии 40 см. х 35 см. За да се склопи целата конструкција заедно, се користи навојна шипка од 8 мм, која може да се набави лесно и брзо од повеќе продажни места за таков вид на материјали, неколку навртки и завртки.

1.Ногарката има навртен клин заварен во внатрешноста на горниот дел од цевката, каде што е заштрафена монтираната плоча. Таа е отстранета за да се направи место за навојната шипка. Таа е фиксно залемена во две точки зад плочата и се отстранува со неколку зафати напред – назад, со помош на клешта. Од страната се избушува дупка, за потајно трасирање на каблите.


2. На полицата централната дупка е за монтирачката шипка, а втората е за кабелот. Може да се издлаби кружна форма која одговара на ногата, за нејзино полесно центрирање. Дрвото може да се премачка со лак или боја по желба, за да биде потрајно и поиздржливо.


3. Внесете ја шипката низ дрвото и поставете ја завртката. Направете го истото на горниот крај од основата и зацврстете.

4.Нанесете го кабелот и составете! Горната плоча ја зацврстува целата конструкција за да ја направи совршено вертикална и стабилна. Бидејќи под базната плоча има завртка и кабел, може да се залепат 4 гумени подни заштитни подметачи/гумички.

За малку повеќе хај-фај тач, може да се употреби сет од звучни конуси/шилци. Тие се малку поскапи, сепак добро ќе изгледаат.