МАКСИМАЛИЗАЦИЈА НА ПРОСТОР ВО ПЛАКАР

Вашите плакари се најмалку искористени, а сепак се најпрецизно одредените простори во вашиот дом. Од најголемиот до најмалиот дом, складирањето е тема број еден, која има недостаток на реализирање во домашниот дизајн денес. Од секој орман земете инвентар од тоа што има во него и што може да се отфрли или складира во друго место од домот. Нема да бидете во можност да го искористите вашиот орман во неговиот целосен потенцијал со вишок на работи. Од таванот кон подот, треба да се максимализира секој сантиметар на вашиот мал плакар.

АНАЛИЗИРАЈТЕ:

Секој плакар и неговиот сопственик треба да ѝ пристапат на организацијата на различен начин. Анализирајте колку го употребувате вашиот плакар и за која цел. Ако имате мноштво на облека за секоја сезона, тогаш концентрацијата треба да ја насочите кон организација која ќе ви помогне во брзото препознавање на облеката. Додека пак ако повеќе складирате канцелариски предмети и други набавки и предмети во плакарот, вашата организација бара катовно складирање и тоа според тежината.

ОБЛЕКА:

За сите оние со сезонско облекување, размислете за употреба на местото за обесување и тоа да го искористите стриктно за сезоната која следува. На овој начин не мора да гледате во облека која нема да ја носите. Размислете да си набавите организациски полици за плакарот, кои нудат делови за диплени, обесени облеки и за додатоци. искористете го вертикалниот простор во целост, ако има можност за тоа. Чевлите може да претставуваат проект сами за себе. Ако ги имате во поголемо количество, пристапете кон нив врз основа на тои кои од нив најчесто ги носите. Оние кои најчесто ги носите, поставете ги најгоре. Другите може да се складираат во различни кутии или сандуци.

НАБАВКИ:

Канцелариските набавки како хартија и папки, може да тежат кога се чуваат во еден обем. Размислете за складирање на фасциклите со хартија и документи на подот, но на висина од која ќе може лесно да досегнете до нив. Најчесто тоа се две кутии во висина и над нив сеуште ќе можете да обесете некои работи и истовремено да ги отворате кутиите без проблем. Доколку ви треба плакарот за складирање на помала количина набавки, употребете фиоки кои може да се етикетираат.

Ако поседувате мал плакар, кога купувате облека и набавки во иднина, размислете каде што ќе биде поставено. Понекогаш најдобриот начин да се излечи мал складишен проблем лежи во тоа да не се купува повеќе од тоа што може да собере. Складирањето секогаш останува да биде предизвик, сепак со планирање и анализирање, работата може да не биде толку напорна.