ЧИСТЕЊЕ НА ТРКАЛЦА ОД РАБОТЕН СТОЛ


Warning: array_map() [function.array-map]: Argument #2 should be an array in /home1/zlatenza/public_html/wp-content/plugins/yet-another-related-posts-plugin/magic.php on line 287

Warning: join() [function.join]: Invalid arguments passed in /home1/zlatenza/public_html/wp-content/plugins/yet-another-related-posts-plugin/magic.php on line 27

Warning: Invalid argument supplied for foreach() in /home1/zlatenza/public_html/wp-content/plugins/yet-another-related-posts-plugin/magic.php on line 54

Тркалата од работните столови со тек на време собираат нечистотија од различен вид. Тоа може да е обична прашина, земја која се внесува во просторијата од надвор, човечки влакна, влакна од животинско потекло итн., во зависност од просторијата каде е поставен столот. За полесно чистење на тркалцата од работниот стол, ќе ви помогнат следните инструкции.

ПОТРЕБЕН МАТЕРИЈАЛ

  • платно или пластични облоги
  • штрафцигер
  • алкохол за бришење
  • чистач на површини
  • хартиени крпи или бришачи
  • памучно метле
  • рибачка четка
  • нож за путер
  • правосмукалка со тесно-отворен додаток
  • маст/масло за подмачкување.

ИНСТРУКЦИИ


  1. Ви изгледа познато? Тркала на работен стол во канцеларија со дрвен под, во прилично валкана состојба.

2. Доколку ви треба дополнителен доказ, еве зумирана слика.

3. Набавки кои се потребни: погоре наведените, во потребен материјал.

4. Заштитете го вашиот под со некое платно или пластични облоги, за да не се оштети подот или теписонот под столот.

5. Превртете го столот за подобар пристап до оските на тркалата.

6. Употребете четка за рибање за отстранување на поголемиот дел од нечистотијата.

7. Од сликата може да се види дека поголемиот дел од нечистотијата е отстранет со помош на четката, но некои лепливи материи останале.

8. Со помош на ножот изгребете ги залепените нечистотии. Поставете го сечилото на ножот во скоро паралелна положба со тркалата, држејќи го стабилно и сечкајте во иста насока во која се врти тркалото.

9. Во внатрешноста на тркалата има исто така голема количина на нечистотии, како на пример влакна и прав.

10. Следно, ги вшмукуваме влакната, прашината или животинските влакна, од внатрешниот дел на тркалцата.

11. За детално чистење може да се отстраната тркалата од лежиштето на столот, за што ќе ви биде потребен штрафцигер, во зависност од моделот на столот.

12. Употребете средство за чистење на површини, во течна форма или спреј, бришете со помош на сунѓер или бришечко платно, а потоа употребете алкохол врз памук со цел да се дочисте остатокот и да извршите дезинфекција.

13. Споредба на чисто и нечисто тркало. Резултаот е повеќе од задоволителен.

No posts at the moment. Check back again later!