КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ЖИЧАНО ДРВО ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ЅИД

Оваа интересна ѕидна апликација е направена од уметникот Катрин Андерсон, со ништо повеќе од само неколку клинести прицврстувачи и коноп. Ќе ви покажеме како може да си создадете своја лична домачна ѕидна апликација.

ПОТРЕБНО:

  • Прицврстувачи
  • Кафеав коноп или жица
  • Парче дрво како напрсток

ИНСТРУКЦИИ:

1. Правење на надворешната линија – започнете со ставање наприкачувачите во ѕидот во основната форма на едно дрво кое сакате да го создадете. Употребата на парче дрво како напрсток ќе ви ги поштеди прстите од повреди. Може да искористите слика или фотокопија од некое дрво како модел за вашата работа. При тоа не бидете премногу симетрични со гранките, стеблото и лисјата. Во основа непарниот број на нештото изгледа подобро отколку парниот. Не се обидувајте да го направите премногу перфектно, зашто дрвјата не се. Затоа не бидете и премногу линеарни, отскокнувајте на одредени места, за потигнување на подобар ефект.

2. Започнете со намотување на конопот и тоа со замотување околу прицврстувачот. Започнете од стеблото/трупот на дрвото и потоа движете се по секој прицврстувач нагоре. Колку пати ќе замотате останува на вас.

3. Додадете особина – за да направите јазли, направете еден или два прстени од прикачувачите и намотајте го конопот во круг. Варирајте со големината на гранките и просторот меѓу нив, па нека има и такви кои ќе се преклопуваат.

4. Започнување и запирање – за да направите пауза, едноставно зацврстете го конопот силно со помош на прикачувач и замотајте неколку пати околу него.